Za da go procitate vesnikov izberete: View > Encoding > Unicode (UTF-8).

 

Март 2008 • Билтен #008

Ти си пријавен/а со адресата %%emailaddress%%

Во овој број донесуваме...

Oснован огранок на ПСМ Инкубаторот во Тетово

Гордо Ви соопштуваме дека на 27 Февруари на Универзитетот Југоисточна Европа во Тетово (www.seeu.edu.mk) официјално се потпиша трилатерален договор за започнување на пилот проект за отворање на огранок на Претприемачки Сервис за Млади Бизнис Инкубатор – Тетово во просториите на Универзитетот.

#Договорот беше потпишан од страна на Владимир Милчин, извршен директор на Институт отворено општество - Македонија (www.soros.org.mk), ректорот на Универзитет Југоисточна Европа Алајдин Абази и Торкел Истгорд , извршен директор на Фондацијата Претприемачки сервис за млади (www.yesincubator.org.mk). Овој пилот проект е дел од долгорочната стратегија на Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ) Фондацијата за отворање на ограноци на Бизнис Инкубаторот – Скопје во повеќе градови од Македонија со цел стимулирање на претприемништвото помеѓу младите и градење на иновативна инфраструктура за започнување на сопствени бизниси од страна на младата популација.

Целта на овој проект е будење на претприемничкиот дух и поддршка за основање на сопствени бизниси помеѓу младите , не само од овој Универзитет туку и пошироко.

Кредитна линија за станарите на ПСМ Инкубаторот

Во согласност со своите стратешки приоритети, фондацијата Институт отворено општество - Македонија (www.soros.org.mk) одлучи финансиски да го поддржи одобрувањето на кредити за почетни бизниси. Кредитите се наменети за станарите на ПСМ бизнис инкубаторот во рамките на фондацијата Претприемачки сервис за млади - микро и мали претпријатија во приватна сопственост и со претприемачки идеи, регистрирани на територијата на Р.Македонија, кои започнуваат со реализација на своите бизнис планови.
Кредитите се одобруваат за основни средства, обртни средства или комбинирано.
Висината на кредитите може да биде до 900.000,00 денари, со рок на отплата од 3 до 5 години и можност за вклучен грејс период од 6 месеци.


Грант фонд за станарите и за потенцијалните станари на Инкубаторот

Станарите на Инкубаторот како и оние во прединкубациона фаза кои работат на развивање на бизнис идејата можат да аплицираат за грантови до 1500 евра од Грант Фондот на ПСМ Фондација за да започнат сопствен бизнис или да започнат некој проект. За да можат да аплицираат за финансирање, проектот или бизнис идејата треба да бидат иновативна ИКТ идеја.Грантовите ќе бидат во рамките од 200 до 1500 евра и ќе можат да се користат за развој на нови продукти/услуги, посета на саеми/конференции, набавка на суровини, истражувања како и започнување и основање на бизнис. Бидејќи сепак станува збор за лимитиран буџет за грант фонд, приоритет ќе бидат апликациите од оние фирми/индивидуалци кои претходно немаат користени никакви средтсва од некакви слични програми.


Пи Софт – нов станар во Инкубаторот

Пи Софт е компанија која изготвува софтверски и системски решенија, кои ви овозможуваат едноставно раководење со работните процеси во вашата фирма. Со помош на напредни технологии, ви овозможува да не бидете врзани за работата што се одвива во вашата канцеларија. Овие решенија вклучуваат функционалности, кои вам ви помагаат лесно да ги организирате сите потребни информации. Вие располагате со навремена и целосна информација, лесно достапна со цел донесување на брзи и квалитетни одлуки, кои се предуслов за успешно работење.
Системите на Пи Софт ја имаат таа моќ да се прилагодат кон вашето работење, вам да ви ја олеснат комуникацијата во и надвор од компанијата, ви овозможуваат да пристапите од секое место со интернет, да ја најдете бараната информација веднаш. Софтверот го добивате без дополнителни лиценци и скриени трошоци, а поддршката од наша страна, ви овозможува целосно да се посветите на вашето работење.
Пи Софт нуди голем број на системи прилагодени кон вашето работење:

  • piOffice, вистинско решение за вашата канцеларија, интегриран е-маил, телефон, факс, документ менаџмент, календар, контакти, проектен менаџмент, управување со ресурси, клиенти, набавки.
  • piAccounts, систем за целосно финансиско и материјално работење, плати, основни средстав, мало продажба, големо продажба.
  • piSupply, софистициран систем за управување со ланецот на набавки, интегриран со piAccounts, ориентиран кон бизнис со бизнис решенија.
  • piWebs, контент менаџмент систем за лесно објавување на информации на вашите веб портал. Целосно се интегрира со piOffice и овоможува дирекно публикување од него.

Визија

ПСМ проектот да стане добар модел за претприемништво и креирање на нови фирми во регионот како и пристап кон развој на ветувачки нови бизнис идеи меѓу високо образованите млади луѓе.
Преку своите активности, ПСМ ќе стимулира претприемништво и ќе ги зацврснува линковите помеѓу младите луѓе во Македонија на ова поле со цел да:
- го забрза напредокот на малите и средните претпријатија
- биде мост помеѓу постоечките понуди од образовните институции и потребите на бизнис секторот

Цел

Да се привлечат младите кои имаат ИКТ интереси, да им се обезбеди тренинг за бизнис познавања, да се поврзат со соодветните бизниси партнери со цел да станат компетитивни на глобалниот пазар и ИКТ да стане водечка индустрија во Македонија.

Мисија

ПСМ проектот има за цел да го зајакне локалниот иновативен систем во Македонија со стимулирање на претприемништвото меѓу младите, нудејќи им комплементарни активности кои би го олесниле формирањето на нови претпријатија и нови бизнис потфати.

 

Sintef
Open Society Macedonia

 

Поддржано од Владата на Норвешка, во соработка со Владата на Република Македонија.


Ако не сакате да го добивате весников, кликнете овде.
ПСМ Фондација • Архимедова ББ, 1000 Скопје • 389(0)2 3103 660 • www.yesincubator.org.mk