|
Со доаѓањето на пролетта, ПСМ инкубаторот станува се позафатено место исполнето со млади луѓе кои ги започнаа нивните бизниси и работат напорно на остварување на нивните соништа. Среќни сме што може да соопштиме дека имаме два нови станари во Инкубаторот, ХД продукција (www.hd.com.mk) и КАД-ИНГ , компании основани од млади ИТ и машински инженери. Ова значи дека после седум месеци работење, ПСМ инкубаторот успеа да привлече и вдоми 9 компании со околу 25 вработени, со што веќе половина од кацелариите се полни со станари. Како и да е, поважно е тоа дека компаниите кои влегоа во Инкубаторот го дуплираа бројот на варботените и ги проширија нивните бизнис активности. Една од компаниите, Иновејшн (www.innovation.com.mk) дури и интернационално се проширија и станаа најбрзорастечки бизнис во Инкубаторот.
Со цел да се привлечат повеќе млади претптиремачи и да се подобрат понудените услуги, ПСМ започна со доделување на грантови и кредитни линии, кои до сега се искористени од две фирми во Инкубаторот, ЕДИТ дизајн студио (www.editdesignstudio.com) и Глобал-нет (www.global-net.com.mk). ПСМ инкубаторот објавува дека како дел од мисијата за стимулирање на претприемачкиот дух, ПСМ ќе земе учество на конфернцијата „Ден на претприемачот“ што ќе се оддржи на 9ти мај, каде што заедно со СЕЦИ Проектот, проект за поддршка на претприемништво, конкуренција и иновативност (www.seci.org.mk) ќе се организира работна група за Претприемништвото и Младите, како и значењето на ИКТ. |